Економско подрачје со персепктива

Како економски регио со голем потенцијал во југоисточниот дел на Европа, Република Македонија на странските инвеститори им нуди интересни персепективи. Ниски даночни стапки, за средноевропски односи доста ниска просечна плата, како и функционирачки правен систем. Пред се поради влезот во ЕУ кон кој се стреми, Македонија претставува високо атрактивна средина за средни претпријатија од Рајналд Фалц.


Безцарински влез за преку 650 милиони потрошувачи
Поради различни мулти и билатерални слободни трговски договори Македонија има безцарински влез до преку 650 милиони потрошувачи во ЕУ земјите, ЕСТЗ (Европска слободна трговска асоцијација) и ЦЕСТА (централна европска слободна трговска асоцијација) земји како Турција и Украина.


Високо квалификувана работна рака за мала сума на пари
Македонскиот образовен систем ужива интернационално одлична репутација. Многу македонски академци, како на пример лекари и инжињери држат топ позиции во светот. Исто така и на македонскиот работен пазар на можните странски инвеститори им стои на располагање високо квалификуван персонал и тоа за просечна месечна плата од 430 евра.


Атрактивни даночни предности
Посебно поради даночните аспекти Македонија се презентира како инвестициско пријателско поле. Атрактивни иницијативи има не само во специјалните слободни трговски зони и технолошки центри, туку и во сите други делови од земјата. Како данокот на добивка така и персоналниот данок се само 10 проценти а реинвестирани добивки се дури и ослободени од данок.


Здрава мешавина од бранши
Не само поради стабилната политичка ситуација во изминатите години фирми од различни бранжи се „всадија„ во Македонија. Денеска земјата им нуди една атрактивна мешавина од која што идните инвеститори ќе профитираат. Тука припаѓаат пред се автомобилската индустрија, ИТ претпријатија, здравствениот сектор, машинските градежни претпријатија како и текстилната индустирја. При тоа многу често се работи за големи интернационални компании и претпријатија, кои што одовде ги „служат” средно и источно европските пазари.


Положбата како стратегишка предност
Претежно поради централната состојба во срцето на југоисточна Европа земјата се докажува како стратегишка предност за многу фирми. Локацијата Македонија е соодветна ѕа идеален транзитен и дистрибуционен центар за продукти, коишто се наменети ѕа европскиот пазар. Одлично изградената улична и возна мрежа дозволува да секое место во Македонија се достигне за помалку од три часа. Два интернационални аеродрома во Скопје и Охрид дури се погрижуваат и ѕа тоа да има редовни и директни поврзувања со големите европски центри.